Станува збор за поранешната сопруга на популарниот Пеце, Сања Обрадовиќ, која во коментар на Фејсбук отворено ја поддржа амбицијата на Илиевски прво да го смени, а потоа и наследи човекот со кого до неодамна беше во брак. Таа сега е во врска со поранешниот ракометен репрезентативец, Ренато Вугринец, а со Наумоски, со кого има два сина кои се талентирани кошаркари, не е во добри односи што и ја објаснува нејзината поддршка за директниот конкурент на поранешниот сопруг, пишува спортскиот портал Спорт1.
-Поддршка за Владо. Браво!, напиша некогашната госпоѓа Наумоска во коментар на текст во кој Илиевски објавува дел од своите планови за влез во МКФ.