Над 1.300 кошаркарски топки со разни пораки, дресови, маици, писма полни со емотици, играчки, патики се само дел од предметите кои бројните навивачи од сите страни на светот ги оставија пред „Стејплс центарот“ по смртта на Коби Брајант, а во негово сеќавање.
Управата на домот на Лос Анџелес Лејкерс, одлучи една недела по големата трагедија, да го расчисти просторот пред „Стејплс“ кој по големата трагедија се претвори во меморијален центар.
Оставените фотографии, маици, писма ќе бидат проследени до сопругата Ванеса во следните неколку денови.
-Ванеса ни се јави и ни кажа: „Моето семејство ги сака тие работи.“ Ќе го означиме секој предмет, маица, писмо, кошаркарска топка, плишана играчка. Ќе ги ставиме во посебни контејнери и ќе ги испорачаме до семејството, изјавила претседателката на управата на центарот.
За потсетување во хеликоптерска несреќа која се случи на 26 јануари животот го загубија 9 лица: Коби Брајант, неговата ќерка Џиана (13), бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса, Кристина Маузер, Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон и пилотот Ара Зобајан.