вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Франција остана без уште еден кошаркар пред Евробаскет

Франција остана без уште еден кошаркар пред Евробаскет

Францускиот селектор Винсан Коле се соочува со нов сериозен проблем на дваесетина дена пред стартот на Евробаскет, откако кормиларот на „триколорите“ остана без уште еден кошаркари кој беше предвидено да има значајна улога во францускиот национален тим. Станува збор за бекот на Далас маверикс, Франк Нтиликина, за кого денеска беше објавено дека поради повреда ќе го пропушти претстојниот европски шампионат.

Тој се повредил на последниот пријателски меч со Италија одигран во Болоња.

По отпаѓањето на овој кошаркар, на списокот на Коле останаа уште 13 имиња, од кои се очекува лидерската улога да им припадне на центарот Руди Гобер и на бекот Еван Фурние, двајца играчи кои со години наназад настапуваат во НБА-лигата.

Покрај Гобер и Фурние, на списокот на францускиот селектор уште се наоѓаат: Кординие (Виртус Болоња), Ертел (Реал Мадрид), Хауард (Хувентуд), Жаите (Виртус Болоња), Мбаје (Ефес), Луваву – Кабаро (Атланта), Тео Маледон (Оклахома Сити), Окобо (Монако), Тарпеј (Ле Ман), Поарие (Реал Мадрид) и Јабуселе (Реал Мадрид).