сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Франција го повлекува дресот на Тони Паркер

Франција го повлекува дресот на Тони Паркер

Францускиот кошаркарски сојуз, идната година ќе го повлече дресот со број 9 во репрезентацијата во чест на легендарниот Тони Паркер, пишуваат француските медиуми.

Сојузот уште во април се одлучи да го повлече дресот на Паркер, а сега одреден е и точниот датум – 12 јули 2024 година. Свеченоста ќе биде одржава во Лион, во новоизградената „ЛДЛЦ Арена“ која ќе биде отворена во ноември оваа година.

Паркер одигра 181 меч во селекцијата на Франција, а постигна 2.741 поен за националниот тим. На ЕП освои по еден златен и еден сребрен медал, како и две бронзи.