Италија ќе биде сериозно ослабена на претстојниот европски шампионат откако најдобриот кошаркар на оваа селекција, Дарио Галинари, поради повреда отпадна од комбинација за настап на Евробаскет.
Галинари се повреди на квалификациски дуел со Грузија и веднаш стана јасно дека повредата е сериозна. Тоа беше потврдено и по деталните прегледи, по што стигна официјална потврдаод Италијанската Кошаркарска Федерација.
„Деталните прегледи покажаа проблем со менискусот, но нема оштетување на лигаментите на коленото. Во секој случај, клиничката слика не дозволува Галинари да му биде на располагање на селекторот Поцеко за претстојниот Евробаскет“, објави федерацијата.
Италија е дел од групата Ц на овој европски шампионат, заедно со селекциите на Грција, Хрватска, Украина, Естонија и Велика Британија.