четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Гасол спасил жена на Медитеранот

Гасол спасил жена на Медитеранот

Центарот Марк Гасол учествувал во акција за спасување на мигранти и со волонтери на непрофитна организација го спасил животот на една Камерунка.

Волонтирајќи за непрофитната организација „Проактив опен армс“, тој се нашол на брод во водите на Медитеранот.

Бродот Астрал пронашол остатоци од гумен чамец кој наводно бил потопен од страна на либиската обална стража. На чамецот имало жена и дете, но по потопувањето спасена е само жената.

-Фрустрација, бес и беспомошност. Неверојатно е колку ранливи луѓе се оставени да умрат на море. Длабоко воодушевување кон оние кои ги сметам за свои соиграчи во овој момент, напиша Гасол заедно со пораката од организацијата.

Тој објаснува дека една од работите кои го поттикнала да се бави со хуманитарна работа, меѓу другото била и фотографијата од сириското дете Алјан Курди кој непомошен лежеше на турското крајбрежје во 2015. година.

-Мораме да дадеме пример, да покажеме сериозност кон она што се случува. Сакам да бидам директно вклучен и да спасувам луѓе. Ризикот кој можете да го доживеете како играч е неважен. Нема подобар начин од волонтерите кои се овде, рече Гасол.