Челниците на германската кошаркарска федерација решија да му го повлечат дресот од репрезентацијата на големата кошаркарска легенда Дирк Новицки.
Церемонијата ќе се одржи непосредно пред натпреварот меѓу Германија и Франција, на отворањето на Евробаскетот на први септември во Келн.
Првпат се случува федерацијата да го повлече дресот на легендата, бидејќи тоа не можеше да се направи додека важеа старите правила на ФИБА дека бројките мора да бидат од 4 до 15.
„Се чувствував почестен кога Германската федерација ми ја претстави оваа идеја. Беше убаво изненадување и веќе сум возбуден што ме чека во Келн. Како амбасадор на ФИБА на Евробаскетот, со нетрпение очекувам возбудливи натпревари со одлични тимови и се надевам дека навивачите во Келн и Берлин ќе обезбедат полни арени и одлична атмосфера“, смета Новицки.