среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЃОРЕВСКИ: Сега е моментот цела нација да ги поддржи кошарката и спортот

ЃОРЕВСКИ: Сега е моментот цела нација да ги поддржи кошарката и спортот

Во средината на април, осумте најдобри од АБА 2 лигата, во Скопје ќе се борат за титулата во ова натпреварување и пласман во првата лига. МЗТ Скопје ја доби организацијата на овој настан, а управата на клубот успеа во она што го постави како една од главните цели при своето преземање на клубот. По ангажманот на Војдан Стојановски, ова е уште еден чекор кон втората цел – титула во АБА 2.

„Од нашето доаѓање на чело на МЗТ Скопје, прва цел ни беше да направиме се за да го вратиме клубот таму каде што заслужува да биде – во АБА 1 лигата. Ги искористивме сите можности кои ги имаме како клуб и ресурсите што ги имавме на располагање за да ја добиеме организацијата на завршниот турнир бидејќи така, покрај квалитетот што го поседуваме, ќе ја имаме и поддршката од трибините.

Сега е моментот цела нација да ги поддржи кошарката и спортот, да застанат на наша страна и заедно да се обидеме да ги оствариме целите. МЗТ Скопје е доминантна сила во македонската кошарка последната деценија и имаме капацитет тоа да го пренесеме и во регионот. Но, ова не е само борба на МЗТ Скопје, туку на сите инволвирани во кошарката во земјава бидејќи нашиот клуб дава и најголем број репрезентативци во националниот тим.

Се надевам дека нема да имаме проблеми при организацијата и дека кон средината на април сите заедно ќе се радуваме на големиот успех на МЗТ Скопје“, изјави за КОШ.МК, извршниот директор на МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски.