Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс направи два важни чекори пред стартот на новата сезона.
Имено „воините“ успеаа да си подадат рака со Џордан Пул и Ендрју Вигинс за продолжување на соработката, договори според кои ќе заработат огромни суми на пари во наредите години.
Пул кој во изминатиов период беше во центарот на вниманието поради конфликтот со Дремонд Грин, ќе заработи 140 милиони долари за четири години.