Најдобрите кошаркари на нашата земја издвојуваа голема победа против Италија и ги сочуваа своите шанси за пласман на Европското првенство во 2022 година, но за клучниот натпревар против Естонија ќе настапиме без најдобриот.
Ненад Димитријевиќ не го заврши мечот со „аѕурите“ затоа што во самиот финиш доби удар во коленото и беше приморан да се пресели на клупата поради повреда.
Првичните информации кои доаѓаат од Перм велат дека за кошаркарот на шпански Хувентуд, квалификацискиот турнир е завршен.
Тоа секако ќе биде голем удар за нашите амбиции, затоа што доколку вечерва Естонија загуби од домаќините, селекторот Тодоров нема да може да смета на својот најдобар кошаркар за мечот со Естонците.