петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Големо засилување за Цедевита Олимпија

Големо засилување за Цедевита Олимпија

Тимот на Седевита Олимпија во чии редови спортски директор е македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски, доби мега-засилување за продолжението од сезоната во АБА-лигата и евро-куповите и потпиша договор со словенечкиот репрезентативец Клемен Препелиќ.

Кошаркарот остави впечаток на последниот Мундобаскет на кој беше втор играч на Словенија, веднаш зад првата ѕвезда Лука Дончиќ. Доаѓа како слободен агент, а последен клуб му беше шпанскиот гигант Валенсија.