Екипата на КК Куманово го назначи Горан Димитријевиќ за нов тренер за претстојната сезона во Втората лига.
Кумановецот го водеше овој тим до титула во сезоната 2009/10 кога го внесе во прволигашкото друштво, а истата мисија ќе ја има и сега. КК Куманово веќе обезбедил и 14 играчи за настап во лигата каде ќе игра важна улога.
Асистент на Горан Димитријевиќ во таборот на кумановчани е Тино Шаботиќ.
КК Куманово по 13 години минатата година испадна од Првата кошаркарска лига