Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ ќе може како слободен играч да ја избере следната дестинација во кариерата откако неочекувано доби отказ од тимот на Чикаго Булс.
Иако од таборот на „биковите“ во изминатите седмици стигнуваа информации дека сериозно се смета на Драгиќ, денеска следеше шок за 36-годишниот плејмејкер.
Словенецот сезонава настапуваше по 15 минути по натпревар, во просеk имаше 6,4 поени на секоја средба, но „биковите“ се решија на ваков чекор откако на плејмејкерската позиција го доведоа и Патрик Беверли.