Чикаго Булс пред три дена му врачи отказ на Горан Драгиќ. Ветеранот експресно најде нов клуб. Американските медиуми пренесуваат дека Драгиќ се договорил со Милвоки Бакс.
Драгиќ ќе потпише договор до крајот на сезоната. Милвоки беше заинтересиран за Драгиќ и пред една година, но тогаш тој ја прифати понудата од Бруклин Нетс.
Милвоки ќе бидат седми клуб во НБА во кариерата на Драгиќ. Словенецот досега има настапувано за Феникс, Хјустон, Мајами, Торонто, Бруклин и Чикаго. Во дресот на Булс, Драгиќ одигра 51 натпревар, со просек од 6,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар.
Драгиќ има одиграно 939 натпревари во текот на 15 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот.