Словенечкиот кошаркар од редовите на Мајами Горан Драгиќ е шокиран ќе влезе во понудата за да се обезбеди потписот на Кајл Лаури од Торонто Репторс.
Словенечкиот ас според многумина е еден од лидерите на тимот од Флорида, Драгиќ воопшто не размислувал за менување на клупските бои, па затоа бил изненаден кога му било соопштено дека наскоро може да се случи тој да се спакува и да се пресели во Канада каде би завршил и Кедрик Нан.
Словенецот во својот договор има клаузула што му овозможува да стави „Вето“ на трансфер што нема да му се допадне, па интересно ќе биде да се види дали Драгиќ ќе се реши на ваков потег или ќе прифати да си замине од Мајами, тимот со кој мината сезона стигна до големото финале на НБА-лигата.