Кошаркарската легенда Александар Саша Ѓорѓевиќ ги повика надлежните органи во Евролигата и клубовите да го одложат следниот натпревар помеѓу Партизан и Реал Мадрид , а причина е масакрот во основното училиште ” Владислав Рибникар” во Белград.
– Шок, неверување поради масакрот во белградското училиште. Сочувство до семејствата на жртвите. Секоја чест за нив. Господ да ги благослови нивните души. Моја Србија, мој Белград, мој Партизан и Реал Мадрид, реагирајте на прав човечки начин и одложете го натпреварот – кому му е до песни, радост и навивање по ваква трагедија? – напиша Ѓорѓевиќ на Твитер.
Во четвртфиналето од кошаркарскиот плејоф во Евролигата Партизан води со 2:1 против Реал Мадрид, а четвртиот меч според најавите е закажан за денес во Белград со почеток од 20.30 часот.