петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Гостивар сигурен, Феникс го совлада Чаир

Гостивар сигурен, Феникс го совлада Чаир

Кошаркарите на Гостивар сè уште не знаат за пораз во новата сезона во кошаркарската Прва лига, откако вечерва славеа со 93-83 против ФМП Академија, додека Феникс 2010 на гости го совлада Чаир 2030 со 97-78.

Најдобар кај Гостивар во победата беше Корсантија со 28 постигнати поени, додека Ефремов постигна 23 поени.

Феникс 2010 без многу мака славеше на гостувањето кај Чаир 2030 со 97-78, откако го најави својот триумф уште во првото полувреме, кое го доби со убедливи 53-30.

Најефикасен во победата на Феникс беше Фалден со неверојатни 35 поени, додека 27 поени додаде Бекингам.

Претходно се играше уште еден натпревар кој му припадна на Еуро Никел, кој славеше со 79-61 против Кожув.