среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Градоначалникот на Гевгелија ги прими репрезентативците

Градоначалникот на Гевгелија ги прими репрезентативците

Во просториите на Општина Гевгелија, градоначалникот Андон Сарамандов ги дочека репрезентативците на Македонија.

Сениорите се појавија на приемот, поразговараа со градоначалникот и потоа продолжија со своите задолженија. Сарамандов изрази задоволство за оваа средба и за фактот дека во Гевгелија се играат два натпревари.

„Чест и задоволство ми е што Гевгелија и спортската сала „26 април” ќе бидат домаќини на двата натпревари со Норвешка, на 10 ноември, и Данска, на 13 ноември, во рамките на претквалификациите за Европското првенство. Им посакувам успех и победа на претстојните натпревари во Гевгелија“, порача градоначалникот Сарамандов.

Избраниците на Јончевски се подготвуваат за натпреварите со Норвешка и Данска во претквалификациите за Европското првенство.

Првиот дуел со Норвежаните е закажан за десетти ноември, додека три дена подоцна е мечот со Данска.