среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Грчки кошаркар суспендиран на две години oд Евролигата

Грчки кошаркар суспендиран на две години oд Евролигата

Грчкиот кошаркар Константинос Митоглу кој настапуваше за повеќе тимови од Евролигата, падна на допинг-тестот направен пред една година, а денес во грчките медиуми е објавено дека е суспендиран на две и пол години.

Во телото на Митоглу по направените тестови во телото му биле пронајдени траги од супстанца која е помеѓу забранетите за користење. За се што му се случува, кошаркарот ја обвини докторката која го убедила дека апчињата се дозволени.

„Мојата докторка ме убеди дека таблетите од Русија многу ќе ми помонгат. Ми даде чист серум и ми зборуваше дека тоа ќе ми го прочисти телото. Освен лекувањето на повредата и зголемувањето на физичките способности, третманот имаше за цел да ми го зголеми и либодото. Дефинитивно таа ми го уништи животот“, изјави Гркот.