Кошаркарот на Голден стејт, Дрејмонд Грин, очекува да добие максимален договор од НБА шампионот вреден 164 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.
Грин е под договор со „воините“ до 2024 година, а треба да заработи 54,3 милиони долари во следните две години.
Американските медиуми потсетуваат дека кошаркарот на Голден стејт има можност да излезе од договорот пред почетокот на следната сезона.
Грин (32) очекува да добие нов петгодишен договор вреден 164,2 милиони долари. Тој е член на шампионот од 2012 година, а со „воините“ освои четири титули во НБА лигата. Со репрезентацијата на САД освои златни медали на Олимпијадите во Рио де Жанеиро и Токио.