понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ѓуроски: Ова ќе биде одличен тест за предизвиците што ни претстојат

Ѓуроски: Ова ќе биде одличен тест за предизвиците што ни претстојат

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за претквалификациите за Олимписките игри, кои догодина ќе се одржат во Париз, Франција.

Свое видување за претстојните предизвици даде репрезентативецот Стојан Ѓуроски.

„Мислам дека нè очекуваат прилично тешки натпревари. Играме со физички снажни селекции кои се силни на позициите „четири“ и пет“, но сметам дека овие натпревари ќе бидат одлични за нас како репрезентација и ќе бидат добар тест за следните предизвици. Ова е одлична етапа за нас и се надевам дека ќе се претставиме во најдобро светло. Следните ФИБА-прозорци ќе се играат во текот на сезоната, така што нема да имаме премногу пауза меѓу овие мечеви и тие што следуваат во ноември и февруари. Мораме да сме максимално подготвени за сè што следи“, заклучи Ѓуроски.

Македонија ќе одигра три натпревари на турнирот што ќе се одржи во главниот град на Естонија, Талин. Стартуваме против Израел на 12 август, ден подоцна играме со домашната селекција на Естонија, а последниот меч на програмата е на 15 август и ќе се соочиме со Чешка.