Стојан Ѓуроски е презадоволен од победата над Норвешка од 79:41 со која кошаркарската репрезентација на Македонија го освои првото место во претквалификациите и обезбеди пласман во главните квалификации за ЕП 2025.
„Го следевме натпреварот меѓу Данска и Словачка, знаевме дека тој меч многу ни значи, но исто така бевме подготвени да одиграме за себе и да победиме. Го следевме планот на селекторот кој беше многу сличен на оној од првиот меч во Гевгелија, да го запреме нивниот најдобар играч Фреј. Успеавме во тоа, одигравме агресивен и цврст натпревар, примивме само 41 поен и мислам дека одбраната повторно беше клуч на нашиот успех со што го запечативме првото место кое го заслуживме. Во овој циклус игравме со силни репрезентации кои не се за потценување, сега ќе прославиме во очекување на следните ривали во квалификациите за ЕП“, вели Ѓуроски.