понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Хаос во Далас Маверикс

Хаос во Далас Маверикс

Поранешниот менаџер на Далас Маверикс, поднесе тужба против франшизата од Тексас со образложение дека во јуни 2021 година, сопственикот Марк Кјубан го отпуштил на незаконит начин.

Тоа, според него, била одмазда за пријава за сексуално вознемирување против шефот на персоналот Џејсон Лутин. Наводно, Лутин сексуално го вознемирувал внукот на Нелсон, на 16 февруари 2020 година во хотелска соба во Чикаго, за време на Ол стар викендот.

Дони Нелсон тврди дека од Кјубан добил понуда од 52 милиона долари за раскин на договорот, но под услов да ја повлече тужбата и неговиот внук да потпише дека нема да ја тужи франшизата. Нелсон не прифатил и го продолжил процесот со барање отштета од 100 милиони долари.

„Се во тој документ е лага. Спроведовме повеќе детални истраги и единствената личност која не ги исполни стандардите на Далас Маверикс беше Дони Нелсон, поради што доби отказ. Беше свесен за тежината на истрагата и одби да соработува во неа. Повторно ќе кажам, се што рече е лага“, демантираше Кјубан, а истото го направи и Лутин.