Двајт Хауард ќе потпише едногодишен договор со Вашингтон Визардс, објавија американските медиуми.
32-годишниот кошаркар по крајот на минатата сезона стана слободен играч. Него го купи Бруклин Нетс, но тој нема да остане во тој клуб, туку за сума од околу 5,5 милиони долари ќе премине во Вашингтон.
За него тоа ќе биде четврт клуб во последните четири сезони.
Во НБА лигата има настапувано и за екипите на Орландо, Лејкерси, Хјустон, Атланта и Шарлот.
Минатата сезона ја заврши со просек по натпревар од 16,6 поени и 12,5 скокови.
(Миа)