четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Хорор повреда на кошаркар во АБА лигата (ВИДЕО)

Хорор повреда на кошаркар во АБА лигата (ВИДЕО)

Натпреварот од 19. коло од АБА-лигата помеѓу Партизан и Борац Чачак , кој се одигра во салата „Пионир“ во Белград, нема да се памети по добро по стравичната повреда на гостинскиот кошаркар, Сава Лешиќ (33 години).

Немилиот настан се случи уште во петтата минута од средбата, кога поранешниот српски репрезентативец лошо згазна при еден доскок и доживеа тешка повреда на коленото.

Тој само се струполи на пааркетот, а сите околу него се фатија за глава кога сфатија за каков сериозен проблем се работи.