Хрватската кошаркарска федерација го назначи денеска Дамир Мулаомеровиќ за нов селектор на националниот тим, на местото на Вељко Мршиќ со кого изминатиот викенд спогодбено ја раскина соработката.
Новиот селектор Мулаомеровиќ е поранешен хрватски репрезентативец и поранешен селектор на селекциите на Босна и Херцеговина и на Косово.
Мулаомеровиќ во февруари 2022 година беше избран за помошник селектор и тесно соработуваше со својот претходник Мршиќ во стручниот штаб на хрватската репрезентација.