Едно од можните засилувања за НБА тимот на Далас е 33-годишниот Бојан Богдановиќ кој во овој момент е со Хрватска на Евробаскетот. На Богдановиќ му завршува договорот со Јута кој е вреден 19.5 милиони долари.
Маверикс не се единствената екипа заинтересирана за неговиот потпис, се споменуваа уште Лејкерси, Нујорк Никси и Феникс Санс.
Засега не е познат и ставот на Јута, дали тие ќе му понудат нов договор или сакаат обнова на тимот.