Откако Драган Бајиќ ја напушти тренерската позиција на Игокеа, истото го направи и неговиот наследник на клупата на македонската репрезентација Александар Јончевски.
Трофејниот македонски стручњак си замина од Трепча како последица на поразот од Приштина со 53-88. Тоа беше втор пораз во последните три кола од косовското првенство, но Јончевски беше многу бесен по него, што можеше да се заклучи и од неговата изјава по натпреварот.
„Ја преземам одговорноста за денешниот пораз пред управата на Трепча. Направивме некои промени и подобрувања со мислата дека ќе се подобриме. Овој тим на Трепча изграден од оваа управа е дизајниран да биде на врвот на табелата и да се бори и да освојува трофеи.И играчите треба да ја преземат одговорноста зад мене. Индивидуалната игра доминира и играчите размислуваат само за лична статистика. Овие играчи имаат ум и срца на друго место. Вакви играчи не заслужуваат да го носат дресот на Трепча“, рече вчера Јончевски.