Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација Игор Кокошков е нов помошник на Квин Снајдер во Атланта Хокс.
По епизодите со Маверикс и Нетс, следната работна задача на Игор Кокошков ќе биде Атланта Хокс. Исто така, тој повторно ќе се сретне со познатото лице и сонародник, Богдан Богдановиќ. Тие двајца некогаш заедно работеа во Сакраменто Кингс.
Кокошков ќе биде најблискиот соработник на Снејдер и главна задача ќе биде да го спроведе она со што го одликуваше години наназад, а тоа е да го унапреди тимот заедно со остатокот од стручниот штаб и да ги направи Хокс поконкурентна екипа.