Македонскиот кошаркарски тренер Игор Михајловски се врати во „старото јато“ и повторно ќе ја води екипата на Кожув.
Михајловски, кој е поранешен кошаркарски репрезентативец на Македонија, се враќа во клубот од Гевгелија откако претходно го водеше Работнички, во чии редови авантурата му траеше вкупно четири месеци.
Стратегот во стручниот штаб ќе соработува со досегашниот тренер Илија Ефтимов кој останува дел од клубот. Михајловски во тренерската кариера покрај во Кожув и Работнички работеше уште и во Куманово.