сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Игор Митровски ќе суди на Евробаскетот

Игор Митровски ќе суди на Евробаскетот

Нашиот арбитар со беџот на ФИБА е еден од 20 „неутрални судии“ кои се номинирани за собирот на најдобрите селекции во Европа.

Уште едно големо признание доби нашата кошарка, а е поврзано со номинацијата на Игор Митровски за најголемиот собир во европската кошарка – Евробаскетот кој од 1. до 18. септември ќе се одржи во четири европски земји, Чешка, Германија, Грузија и Италија.

Еден од нашите најдобри судии со знакот на ФИБА, е одреден да биде во групата од дваесет т.н. „неутрални судии“ кои ќе се грижат за регуларноста на Европското првенство кое стартува на почетокот на наредниот месец, а ќе се игра во Прага, Тбилиси, Берлин, Келн и во Милано.

Ова не е „новост“ за македонскиот „број 1“, ако се земе в предвид дека учеството на евро-шампионатот ќе биде второ во неговата богата интернационална кариера. Тој беше дел од судискиот кадар и на Европското првенство пред пет години, кое се одржа, исто така, во четири држави: Финска, Израел, Романија и Турција.

Инаку,, ова лето, 42.годишниот арбитар веќе беше дел од европските натпреварувања, како ЕП од Дивизијата „Ц“ кое се одржа во Призрен (Косово).