недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Илиевски: Пласманот на Ф8 ќе биде наш мотив за понатаму

Илиевски: Пласманот на Ф8 ќе биде наш мотив за понатаму

Евидентно беше отсуството на тројца важни првотимци во таборот на „зелените“, тоа го потврди и тренерот Марјан Илиевски, кој му честита на победникот.

„Сакам да и честитам на екипата на Хелиос затоа што беше подобра во секој сегмент. Покажаа зошто се вистински лидери на табелата и беа фаворити на средбата. Иако ние не дојдовме до полн состав, тоа беше општо познато, ја олеснивме нивната работа до полуфинале. Имавме еден играч којшто е повреден и уште двајца играчи коишто не би коментирал за нивното неприсуство, за да можеме на еден реален начин да ги одмериме силите. Сепак, за тоа и играме, за тоа сакаме до последна шанса да се обидеме да направиме нешто повеќе. Честитки до моите играчи за остварениот пласман на Ф8, тоа е еден мотив кој ќе не води во иднина што е можно повеќе да бидеме подобри во првенството“, изјави Илиевски.