понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Италија промаши напад за победа, Франција по продолжение до полуфинале на ЕП!

Италија промаши напад за победа, Франција по продолжение до полуфинале на ЕП!

Кошаркарите на Франција се третиот полуфинален патник на Европското првенство, откако по продолжение ја победија Италија со 93-85 (77-77). Иако „аѕурите“ успеаја да изборат продолженија, имаат за што да жалат бидејќи промашија напад за победа. Потоа, Французите го искористија дополнителното време и обезбедија триумф.

Фаворитот на овој натпревар тргна според планот, бргу се наметна и дојде до осетна предност. Иако „аѕурите“ се одржуваа во игра, првиот период им припадна на ривалите кои имаа и двоцифрено водство. Франција продолжи со подобрата игра и до полувремето. Италијанците успеаја да пријдат на минус четири, но пак попуштија во финишот на четвртината, па на пауза се замина со 38-31.

Сепак, полувремето како да беше пресвртница. На теренот истрча една порешителна и поопасна Италија, а иако противниците се одржуваа во каква-таква позитива, се гледаше паниката во нивната игра. Поради тоа, до крајот на третиот период предноста ѝ припадна на репрезентацијата во сини дресови. Најдобар показател за играта и случувањата на паркетот беше водството од 31-18 во третата четвртина.

Последниот период мина во знакот на италијанско водство и француски напади за егал. Во првиот дел на четвртината Италија се одржуваше во „живот“, ама потоа притисокот си го направи своето. Франција пријде близу, а првпат израмни на само пет секунди до крајот (77-77). Сепак, организацијата на завршниот напад не беше најдобра и доведе до промашување преку Фонтекио од неизградена позиција, па мечот влезе во продолжение.

Французите поведоа на стартот на доигрувањето, ама удар беше петтата лична грешка на Фурние кој го заврши натпреварот. „Аѕурите“ направија две технички грешки, а иако ривалот им подари напад за израмнување, ниту тоа не го искористија. Така, Франција го затвори мечот во своја корист и се пласираше во полуфиналето на Евробаскетот.

Во италијанскиот табор беа најефикасните играчи на мечот со по 21 поен, Симоне Фонтекио и Марко Спису, додека кај „триколорите“ Томас Ертел заврши со 20, Руди Гобер со 19, а Еван Фурние уфрли 17 поени.