Димитрис Итудис одлично ја започна сезоната во Фенербахче, но во последните неколку натпревари тимот покажа пад во формата.
Во тимот од Истанбул веднаш реагираа и решија да се засилат на центарската позиција, а пристигна играч од НБА лигата.
Нов центар на Фенербахче ќе биде Костас Адетокумбо, кој го раскина договорот со Чикаго Булс. Не успеа да се наметне за првиот тим, а повеќе играше за тимот од развојната лига.
Минатата сезона ја мина во Асвел каде имаше просек од 4,3 поени. Тој потпиша договор со Фенербахче до крајот на оваа сезона, со опција за продолжување на уште една година.