понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Итудис го сака Ненад Димитријевиќ во Фенербахче

Итудис го сака Ненад Димитријевиќ во Фенербахче

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ е слободен по раскинот со шпанска Валенсија, а уште една од екипите која застана во редот за неговиот потпис е турскиот клуб Фенербахче.

Како што објави „Милијет“, по барање на тренерот Димитрис Итудис, Фенербахче веќе испратил понуда до кошаркарот, но не се знае дали таа ќе биде прифатена.

Турскиот тим е еден од најзаинтересираните и е подготвен да му ги исполни условите на кошаркарот. Итудис на позицијата плејмејкер оваа сезона ги имаше Калатес и Едвардс, но во Димитријевиќ се гледа ново големо засилување на таа позиција.

Димитријевиќ потпиша за Валенсија во летото 2021 година од Хувентуд и во сезоната 2021/22 одигра 33 натпревари, со просек од 8,4 поени, 1,5 скок и 3,9 асистенции.

Во сезоната 2022/23 македонскиот репрезентативец играше како позајмен кошаркар во руски Уникс Казан, клуб со кој ја освои ВТБ лигата, а беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на финалната серија.