вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Ивишиќ: „Јане Сандански“ е еден од најтешките терени за игра во АБА

Ивишиќ: „Јане Сандански“ е еден од најтешките терени за игра во АБА

Кошаркарот на Студентски Центар Томислав Ивишиќ го изнесе своето мислење пред мечот со МЗТ Скопје. Според него, теренот во СЦ „Јане Сандански“ е еден од најтешките за игра во првенството.

„По две одлични средби во АБА лигата, против Цибона дојдовме до прва победа. Во Скопје одиме на мегдан со екипа која се врати во најсилното регионално натпреварување, забележа три порази, ама и покрај тоа играше доста добро. Ждрепката за нив ги донесе трите најсилни противници на стартот, па сигурно се желни за прва победа. Сепак, ние знаеме што треба да правиме за да продолжиме во добар ритам. Теренот на МЗТ е карактеристичен и насочен силно кон домаќините, што е реткост за клубовите, дефинитивно е еден од најтешките терени за игра во АБА. Подготвени сме за овој натпревар и желни да се вратиме од Скопје со победата“, кажа Ивишиќ.

Пресметката меѓу МЗТ Скопје и Студентски Центар е закажана за в сабота со старт во 20:30 часот.