петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Избрани 12 кошаркари кои ќе играат на Евробаскетот за Италија

Избрани 12 кошаркари кои ќе играат на Евробаскетот за Италија

Селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација, Џанмарко Поцеко го објави конечниот список на кошаркари со кои ќе оди на Европското првенство.Последен играч кој го загуби местото во репрезентацијата беше центарот на Венеција, Амедео Теситори. Во финалните 12 за настап на Евробаскетот 2022 се најдоа:

Марко Спису (Венеција), Нико Манион (Виртус), Пол Билига (Милано), Стефано Тонут (Милано), Данило Галинари (Бостон), Николо Мели (Милано), Симоне Фонтекио (Јута), Џампаоло Ричи (Милано), Томазо Балдасо (Милано), Ахил Полонара (Анадолу Ефес), Алесандро Пајола (Виртус), Луиџи Датоме („Милано“).

Европското првенство ќе се одржи од 1 до 18 септември во Германија, Италија, Чешка и Грузија.