Познатиот кошаркарски тренер Борислав Бора Ѓаковиќ ја загуби битката со тешката болест на 72 години, јавуваат босанските медиуми.
Како тренер ги предводеше Партизан, Црвена Звезда, Шибеник, Слобода Дита, кипарски Енад и Борац.
Во јануари годинава Ѓаковиќ стана советник во кошаркарски клуб од Охрид.
Времето и местото на погребот засега не се познати.