понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Јакимовски е најдобар европски тројкаш во НЦАА

Јакимовски е најдобар европски тројкаш во НЦАА

Андреј Јакимовски полека влегува во посакуваната форма и повторно се наметнува во еден од лидерите на Вашингтон Стејт Универзитетот.

На последните три меча беше фантастичен, два пати е прогласен за играч на натпреварот, а во третиот оствари дабл-дабл.

Во овој момент, Јакимовски е најдобар стрелец за три поени во цела НЦАА (1 дивизија) според процентот на уфрлени тројки кога станува збор за европските кошаркари во ова натпреварување. Досега погоди 27 од вкупно 60 обиди или 45% што е фантастичен ефект за македонскиот репрезентативец.