вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јанакопулос гостувањето на Реал го чини 300.000 евра

Јанакопулос гостувањето на Реал го чини 300.000 евра

Претседателот на грчкиот кошаркарки клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, ја продолжи неговата лична „војна“ со Евролигата, одбивајќи да ја почитува определената суспензија.

Евролигата му забрани на Јанакопулос пет месеци да присуствува на натпревари (до 30 јуни), но тој редовно доаѓа во „ОАКА арената“ во Атина.

Прво беше казнет со 60.000 евра за писуството на дербито со Олимпијакос од 24 коло во регуларниот дел, а потоа со 120.000 евра бидејќи во вторникот се појави на првиот натпревар од плејофот со Реал Мадрид.

Тоа воопшто не го вознемири па два дена подоцна се појави и на вториот натпревар од плејофот, а поради повторување на прекршокот новата казна беше повисока и изнесува 180.000 евра.

Јанакопулос гостувањето на Реал во Атина вкупно ќе го чини 300.000 евра.

Панатинаикос на следните два натпревари му гостува на Реал, но бидејќи серијата се игра во пет натпревари, последниот ќе се одржи во грчката престолнина и најверојатно таму повторно ќе се појави Јанакопулос.