петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јанис Адетокумбо нема да настапуи за Грција на СП

Јанис Адетокумбо нема да настапуи за Грција на СП

Грчката кошаркарска репрезентација нема да смета на својот најдобар играч, Јанис Адетокумбо на претстојното Светско првенство.

НБА ѕвездата денеска официјално се изјасни за настапот на мундијалот, потенцирајќи дека проблемите со коленото не му оставиле голем избор по ова прашање.

Сите знаат за мојата љубов и страст кон репрезентацијата и тоа никогаш нема да се промени.Од крајот на НБА сезоната го доведував телото до своите лимити за да бидам играч кој ќе му помогне на тимот да ги оствари своите амбиции, но по неколку месеци работа и многу состаноци со лекарите, јасно е дека не сум подготвен за настап на СП. Ова не беше избор, туку единствена опција со која можам да бидам сигурен дека ќе се вратам на нивото за кое работев напорно цела кариера. Многу сум разочаран од епилогот, но сега главна цел ќе ми биде да се пласираме на Олимписките игри и ќе ми биде чест да ја претставувам својата земја следната година, – вели Адетокумбо во своето официјално соопштение.