вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Јоги Ферел ќе биде „новиот Мекејлеб“ во кошаркарската репрезентација на Македонија

Јоги Ферел ќе биде „новиот Мекејлеб“ во кошаркарската репрезентација на Македонија

Американскиот кошаркар Јоги Ферел ќе биде изборот на раководството на КФСМ за нов натурализиран кошаркар кој во иднина треба да го носи дресот на македонскиот национален тим.

Селекторот Драган Бајиќ на вчерашната прес-конференција, по шестиот пораз во квалификациите за СП 2023 во исто толку натпревари, најави дека Македонија би била барем за 30% посилна доколку добие нов плејмејкер.

Јоги Ферелк е играч со богато искуство и во НБА лигата, има настапувано за Далас, Сакраменто, Кливленд и за ЛА клиперс, а во Европа пристигна во 2021 година како член на Панатинаикос. Во моментот е член на Цедевита Олимпија.

Разговорите со Американецот се во завршна фаза, па доколку бидат комплетирани документите, тој би можел да го облече дресот на Македонија веќе во август.