Никола Јокиќ ја заврши сезоната во НБА лигата и се врати во татковината каде е снимен како се опушта.
Јокиќ се врати во родниот Сомбор за да ги наполни батериите по напорната сезона во НБА лигата во која го доби признанието за МВП на сезоната, и во родниот крај и се посвети на својата голема љубов – коњите.
Токму во Сомбор камерите на РТС го уловија големиот љубител на коњи како се вози во едносед со својот коњ на хиподром.