четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јончевски го објави поширокиот список за претквалификациите за Олимпијадата

Јончевски го објави поширокиот список за претквалификациите за Олимпијадата

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски денес го објави поширокиот список на играчи кои ќе конкурираат за настап на олимпискиот претквалификациски турнир Талин-Гљивице 2023.

На списокот на Јончевски објавен денес се наоѓаат: Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Андреј Јакимовски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Маслинко, Стојан Ѓуроски, Дамјан Робев, Виктор Ефремоски, Љубомир Младеновски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Андреј Шошкиќ, Резарт Мемед, Марин Петков, Андреј Митревски и Амар Хот.

Првиот собир е закажан 24 јули во 18 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.