недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јончевски: Мораме со Словачка да го потврдиме триумфот од Данска

Јончевски: Мораме со Словачка да го потврдиме триумфот од Данска

По триумфот во Наствед во Данска со тројка со звукот на сирената, селекторот Александар Јончевски посакува нов триумф.Пред натпреварот во СРЦ „Кале“, Јончевски истакна дека Македонија сега има добра почетна позиција во претквалификациите, но мора да се добие овој домашен дуел за да се задржи истата во продолжението.

„Најпрво, се надевам дека ќе ја потврдиме победата од Данска. Имаме добра почетна позиција, триумф на гости, и тоа како значи во ситуација кога од четири екипи само една оди понатаму. На триумфот во Нествед ќе гледаме како позитивен елан да одиграме добро против Словачка во следниот дуел. Со следниот противник, пред година дена имавме еден двомеч. На првиот победивме со висока, на вториот загубивме со висока разлика. Ќе зависи многу од мотивацијата на играчите, се надевам дека победата од Данска ќе ги мотивира уште повеќе моите кошаркари да бидат уште подобри од претходно.

Скаутингот за Словачка е веќе одработен, бидејќи имавме доста време по пат за да работиме на тоа. Шансата за триумф ќе ја бараме каде што ја најдовме со Данска, Во тимска игра, тимска одбрана, спроведување на системот од претходните три недели. Таа стартна победа беше награда за момците за се, се надевам дека ќе добиеме поддршка од публиката во Кале, очекувам да дојде во поголем број и да им даде поддршка на момците и стручниот штаб во обидот да ја потврдиме победата од Данска“, изјави Јончевски.

Најдобрата селекција во претквалификациската група во која се Македонија, Словачка, Данска и  Норвешка ќе продолжи во втората фаза. Мечот меѓу Македонија и Словачка се игра в недела од 19:00 часот.