Кошаркарскиот клуб Гостивар по разделбата со Марјан Србиновски пронајде нов тренер и го ангажира доскорешниот стратег на Кожув, Александар Јончевски.
По лошите резултати Гостивар и Марјан Србиновски решија дека ќе се разделат. На местото на популарниор Марче доаѓа Јончевски, кој ќе има за задача да ја поправи формата на тимот .
Гостивар и Јончевски се договорија за соработка до крајот на актуелната сезона. Истата може да биде продолжена, доколку резултатите се поклопат со очекувањата на управата.