среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јончевски: Победите се слатки, ама сѐ уште сме далеку од крајната цел

Јончевски: Победите се слатки, ама сѐ уште сме далеку од крајната цел

Втора победа во вториот меч за Александар Јончевски како селектор на Македонија и стоотстотен учинок со кој многу помирно ќе се подготвува за следниот циклус од претквалификациите за ЕП 2025 со оглед што нашата селекција е на делба на лидерската позиција со Норвешка.

„Ова беше многу тежок натпревар, го чувствувавме заморот уште од почетокот што резултира со непланирано многу загубени топки. Се договаравме да го спроведеме истото како со Данска, а тоа е да го минимизираме бројот на загубени топки, но не успеавме. Загубивме девет топки до одморот, што нѐ чинеше многу примени поени од транзиција. Словаците без разлика што загубија дома од Норвешка, во мечот влегоа ептен мотивирано. Го погодуваа речиси секој втор шут за тројка, па на полувремесе договоривме да ја смениме одбраната, нешто што профункционира кога требаше. Среќен сум затоа што победивме, ова триумф за кој најзаслужни се играчите, на кои им честитам бидејќи во овој циклус дојдоа до две важни победи во ситуација во која од четири тима, само еден оди понатаму. Работата, сепак, не е завршена зашто и Норвешка е во иста ситуација како и ние поради што ни претстојат уште два тешки циклуси“, изјави Јончевски.