По натпреварот со Норвешка селекторот на машката кошаркарска репрезентација Александар Јончевски ги пренесе првите импресии.
„Ја стопиравме нивната транзиција, од каде што најчесто постигнуваа поени против Словачка и Данск. Не постигнаа ниту една тројка од 21 обид. Тоа е заслуга на целиот тим и енергијата која ја внесовме. Добро се подготвивме, имавме контрола уште на старт и тој ритам ни одговараше.
Задоволен сум од Шортс и го одигра тоа што го очекувавме и се надевавме. Осумте поени можеби не се кој знае колку, но впиша и осум асистенции, организираше и ангажиран беше и во одбраната. Деновиве му помогнавме да се вклопи во групата и мислам дека успеавме. Многу голема „прашина“ се крена околу неговата натурализација, но треба да им се даде заслуга и на нашите кошаркари. Вечерва победивме со сите дванаесет кошаркари“, заклучи селекторот.