вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јончевски: Притисокот беше на наша страна, им се заблагодарувам на навивачите во Гевгелија

Јончевски: Притисокот беше на наша страна, им се заблагодарувам на навивачите во Гевгелија

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, имаше свој коментар по инфаркт-победата во салата „26 Април“ против Данска.

– Исклучително тежок натпревар. Имавме проблем да се кренеме. И на самото загревање мислевме дека работата е завршена бидејќи позначаен беше натпреварот против Норвешка кои имаа 2-0 кога дојдоа тука, додека Данска дојде со три порази.Притисокот беше на наша страна и тоа се виде на натпреварот. Погодуваа тешки шутеви што не беше карактеристично за нив на натпреварите од досегашниот циклус. Имавме проблеми под кошевите, но некако успеавме да се вратиме, иако не одеше ништо во наша полза, а тие имаа контрола на играта.Благодарение на навивачите успеавме да се вратиме. Им се заблагодарувам на сите во публиката, тука, во Гевгелија, бев две ипол години и можам да кажам дека денеска публиката беше најжешка.