Македонскиот кошаркарски селектор Александар Јончевски од денеска е тренер на Кожув.
Гевгеличани ја објавија соработката со стручњакот кој треба да донесе подобри резултати во домашното првенство, а Јончевски ќе ја извршува функцијата паралелно со водењето на националниот тим,
За македонскиот селектор ова е втор тренерски ангажман во Кожув, екипата која ја водеше меѓу 2018 и 2021 година.
Досегашниот тренер Апостоли Апостолов ќе остане во стручниот штаб на составот од Гевгелија, потврди КК Кожув во своето соопштение.
Јончевски брзо најде нов ангажман откако пред неколку дена ја заврши соработката со екипата на Трепча.